Свет Европа Убиени седум украински војници на истокот на Украина

Убиени седум украински војници на истокот на Украина

Седум украински војница се убиени во судирите на проруски бунтовници и на украинската војска на истокот на Украина, што е најголем биланс од крајот на мај годинава, соопштија украински воени извори.

Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко, соопшти дека во судирите во последните 24 часа се убиени седум, а ранети се 14 украински војници.

Лисенко додаде дека ситуацијата и понатаму е напната во областа Луганск и оти продолжуваат борбите во областа Донецк.

Во двегодишните судири на истокот на Украина загинаа повеќе од 9.400 лица, а милион и пол се раселени.

Западот и Киев ја обвинуваат Русија за воена поддршка на проруските бунтовници, но Москва ги отфрла ваквите обвинувања.

Без разлика на бројните спогодби за прекин на огнот, долж линијата на фронтот и понатаму се водат жестоки борби.