Свет Убиени двајца кинески дипломати на Филипини

Убиени двајца кинески дипломати на Филипини

Двајца кинески дипломати се убиени, а трет е ранет во вооружен напад во ресторан во филипинскиот град Себу, соопшти денеска полицијата.

Заменик-конзулот и финансиски службеник на кинескиот конзулат се убиени, а генералниот конзул е ранет.

По нападот уапсени се двајца кинески државјани, маж и жена, која работела во конзулатот. На местото на нападот е запленет полуавтоматски пиштол, марка „колт“.

Келнерите соопштија дека претходно слушнале како гостите се расправаат.

Менаџерот на ресторанот, кој е популарен меѓу локалните политичари, соопшти дека пукањето се случило во приватна просторија.