Свет Свет Убиени 33 лица пред банка во Авганистан

Убиени 33 лица пред банка во Авганистан

Во бомбашки напад во источниот авганистански град Џалалабад, убиени се 33 и повредени се повеќе од 100 лица пред банка,од каде што државните службеници земале плата.

– Се работи за самоубиствен напад. Рано е да се каже за каков вид бомбаш-самоубиец се работи – изјави командирот на полицијата од провинцијата Нангархар, генерал Фазел Ахмад Шерзад, на прес-конференција.

Талибанските бунтовници ја негираа одговорноста за нападот иако порано презедоа одговорност за слични напади кои се случуваат во време на повлекување на странските сили.