Свет Убиен полубратот на Ким Јонг-ун

Убиен полубратот на Ким Јонг-ун

Полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е убиен во Малезија, соопштија кинеските и јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори.

Како што се наведува, Ким Јонг-нам е убиен вчера, додека кинеска кабловска телевизиска мрежа пренесува дека на аеродромот во Куала Лумпур го отруле две жени, за кои се сомневаат дека се севернокорејски агенти.

Малезиската полиција засега не изнесува никакви детали, освен дека неидентификуван маж од Северна Кореја починал на пат од аеродромот до болница.