Хроника Убиен маж во пукање во Топанско Поле

Убиен маж во пукање во Топанско Поле

Во престрелка што се случила во 22.30 часот вчера, во населбата Топанско Поле, близу супермаркетот „Принц“, еден 35-годишник го загубил животот, а еден 52-годишник добил тешки повреди.

Во инцидентот на улицата Лазо Трповски, животот го загубил И.А од селото Блаце, а повредениот Љ.Ќ. живеел недалеку од местото на инцидентот, на улицата Дижонска. Тој е пренесен во Ургентниот центар со тешки повреди.

Како што за „Мета“ објаснија очевидци, полицијата при истрагата затворила големо подрачје околу местото на инцидентот и сообраќајот се пренасочувал.