Свет Уапсени уште двајца осомничени за убиството на Борис Немцов

Уапсени уште двајца осомничени за убиството на Борис Немцов

Руската полиција уапсила уште две лица осомничени за убиството на Борис Немцов.

Двајцата се уапсени во Ингушетија, но се од Чеченија. Еден од нив е помал брат на Анзор Губашев, кој беше приведен заедно со Заур Дадајев.

Дадајев и Губашев не се во базата на податоци за пронаоѓање од органите на редот и не се регистрирани за вршење какви и да е прекршувања на законот.