Свет Уапсени тројца турски туристи во Ерусалим

Уапсени тројца турски туристи во Ерусалим

Израелската полиција соопшти дека уапсила тројца туристи од Турција после молитвата вчера попладне во Стариот град во Ерусалим.

Полицијата соопшти дека тројцата Турци се уапсени поради вмешаност во инцидент со полицијата на Харам ал-Шариф.

Турската новинска агенција „Анадолија“ јави дека двајца од тројцата уапсени имаат двојно турско и белгиско државјанство и дека се уапсени поради напад и пружање отпор на полицијата, додека третиот е обвинет за рушење на јавниот ред и нелегални демонстрации.

Турција е една од најгласните критичари на одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел.