Хроника Уапсени тројца грабнувачи на малолетничка во валандовско

Уапсени тројца грабнувачи на малолетничка во валандовско

Жител на валандовското село Калково ноќеска, околу 1 часот, во полиција пријавил дека неколку непознати лица ја грабнале неговата 15-годишна ќерка и со автомобил заминале кон Неготино и Радовиш, информираат од полицијата.

По преземените мерки, полицијата дознала дека девојчето било грабнато од Е.М.(21), Ѓ.Д.(25) и М.А.(17), сите од селото Градашорци.

Осомничените, по кратко време биле уапсени од екипа на полициската станица во Радовиш и предадени за натамошна постапка.