Свет Балкан Уапсени двајца странци во Турција поради нападот во Истанбул

Уапсени двајца странци во Турција поради нападот во Истанбул

Турските власти денеска приведоа двајца странски државјани на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул во врска со нападот во истанбулскиот ноќен клуб, извршен за време на новогодишната ноќ.

Двете лица се приведени на влезот на меѓународниот аеродром и се однесени во седиштето на полицијата во Истанбул, јави телевизијата „Доган“.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава, а осомничениот сè уште е во бегство.