Хроника Уапсени двајца скопјани кои се барале со судска наредба

Уапсени двајца скопјани кои се барале со судска наредба

Екипи на Секторот за внатрешни работи Скопје, постапувајќи по судска наредба, уапсиле двајца скопјани кои се барале за издржување затворски казни, информира полицијата.

Во едниот случај, според полицијата, станува збор за Васил Е. (43), кој се барал за издржување затворска казна од три години поради тешка кражба.

Предраг Ц. (35), пак, се барал поради издржување затворска казна од две години за кражба.

Двајцата, според полицијата, се спроведени во затворот „Идризово“, односно во полициската станица Аеродром, за понатамошна постапка.