Свет Европа Уапсени двајца припадници на Пинк пантер

Уапсени двајца припадници на Пинк пантер

Шпанската полиција вчера уапсила двајца припадници на бандата Пинк пантер и запленила украдена стока, чија вредност се проценува на повеќе милиони евра.

Во соопштението се наведува дека сета украдена стока е од златарница на островот Фуертевентура на Канарските Острови.

Идентитетот на уапсените не е наведен во соопштението.

Бандата Пинк пантер е обвинета за серија кражби во кои, според податоците на Интерпол, од 1999 година се украдени повеќе од 330 милиони евра.

Повеќе информации за осомничените и за украдената стока ќе бидат објавени на утрешната прес-конференција на островот Гран Канарија.