Свет Балкан Уапсени двајца осомничени за поврзаност со убиството на рускиот амбасадор во Анкара

Уапсени двајца осомничени за поврзаност со убиството на рускиот амбасадор во Анкара

Турските власти денеска уапсиле двајца осомничени, од кои еден полицаец, во врска со убиството на рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов, кое се случи во декември минатата година, јавуваат турските медиуми.

Според информациите на медиумите, судот во Анкара наредил апсење на полицаецот Серкан Басер и на продавачот Енес Асим Силин, а за уште двајца осомничени издаден е налог да не ја напуштаат земјата додека не заврши истрагата за убиството.

Рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов, беше убиен на 19 декември од поранешниот турски полицаец, 22-годишниот Мевлут Мерт Алтинташ, кој за време на злосторството извикуваше „Алах е голем“ и „Не заборавајте го Алепо, не заборавајте ја Сирија“. Убиството се случи за време на изложба во Анкара.