Свет Балкан Уапсени 20 лица во Истанбул

Уапсени 20 лица во Истанбул

Дваесет лица се уапсени, меѓу кои и неколку адвокати, во полициските рации на 32 локации во Истанбул против припадници на Курдската работничка партија (ПКК).

Како што јавуваат турските медиуми, повеќе антитерористички полициски акции биле извршени истовремено, со поддршка на хеликоптери, а уапсени се и осум лица од други провинции.

Рациите следуваат по терористичкиот напад во Анкара, во кој загинаа 37 лица, а за кој сè уште никој не ја презел одговорноста.