Свет Балкан Уапсени 14 лица во Турција, осомничени за подготовка на напади на изборите...

Уапсени 14 лица во Турција, осомничени за подготовка на напади на изборите во недела

Турската полиција денеска во Анкара уапсеи 14 лица за кои се верува дека се членови на т.н Исламска држава осомничени дека се подготвуваат за напад за време на претседателските и парламентарните избори кои ќе се одржат во недела.

Овие 14 лица, странски државјани, биле уапсени во низа полициски рации во нивните станови во Анкара, јавуваат туските медиуми.

Анкара, после низа на терористички напади на својата територија, ги затвори границите со Сирија, апсеше и протеруваше осомничени екстремисти, а се придружи и на меѓунардната коалиција за броба против Исламска држава.