Свет Европа Уапсени 12 лица под сомневање за поврзаност со терористичкиот напад во Лондон

Уапсени 12 лица под сомневање за поврзаност со терористичкиот напад во Лондон

Бритаската полиција уапсила 12 лица поради сомнежи за повразност со синоќешниот терористички напад во кој загинаа седум лица, а 48 се повредени, пренесува „Би-би-си“.

Апсењата биле извршени во предградието Баркинг, во источен Лондон, а уследиле по претресот на стан, сопственост на еден од тројцата напаѓачи.

Терористичкиот напад се случи синоќа, околу 22 часот, кога бело комби прегази пешаци на Лондонскиот мост, по што тројца напаѓачи излегле надвор и со ножеви изболе неколку луѓе во близина на Бороу маркет.

Тројцата напаѓачи, кои носеле лажни појаси за експлозив, се убиени во интервенцијата на полицијата. Тие биле застрелани од осуммина полицајци кои испукале 50 куршуми. Во интевенцијата, како што соопшти лондонската полиција, бил погоден и случаен минувач, кој се нашол на местото. Тој бил веднаш хоспитализиран и останува во болница, но е надвор од животна опасност.

Според полицијата, вкупно 36 лица, повредени во терористичкиот напад, се наоѓаат во болница, од кои 21 лице се во критична состојба.