Свет Свет Уапсени 11 принцови во Саудиска Арабија поради организирање на протести

Уапсени 11 принцови во Саудиска Арабија поради организирање на протести

Во Саудиска Арабија денеска се уапсени 11 принцови, а ќе им биде судено бидејќи организирале протест пред една од кралските палати, пренесуваат саудиските медиуми.

Принцовите протестирале поради укинување на надоместокот за сметки за вода и струја на членовите на бројните кралски семејства.

На саудиската национална гарда, која е задолжена за заштита на кралското семејство, и било наредено да ги уапси принцовите, кои потоа биле затворени во едни од најстрогите затвори заедно со криминалци, екстремисти и припадници на Ал каеда.

На почетокот на ноември, во Саудиска Арабија во акција против корупција беа приведени 11 принцови и 38 поранешни министри.