Свет Балкан Уапсен внук на Енвер Хоџа поради дрога

Уапсен внук на Енвер Хоџа поради дрога

Албанската полиција вчера уапси осум лице, меѓу кои и двајца Колумбијци и внук на поранешниот комунистички лидер на Албанија, Енвер Хоџа, и запленила 100 килограми кокаин.

Групата е уапсена во текот на ноќта, во фабрика која ја направиле меѓу штали со стока во Елбасан.

Самир Батку, наводниот „мозок“ на групата, е фатен додека бегал со автомобил со 18 килограми кокаин, 300.000 евра и пиштол, соопшти портпаролот на албанското министерство за внатрешни работи, Флорион Серјани.