Свет Во Германија уапсен сириски бегалец кој планирал напади

Во Германија уапсен сириски бегалец кој планирал напади

Германската полиција денеска соопшти дека уапсила маж кој е осомничен дека планирал бомбашки напад.

„Уморни, но задоволни: минатата ноќ во Лајпциг фативме осомничен за тероризам“, напиша припадник на полицијата на Саксонија на „Твитер“.

Полицијата викендот трагала по 22-годишниот Џабер Албакр, сириски бегалец, кој преку интернет бил во постојан контакт со Исламска држава.

Полицијата, во рамки на операцијата која почна во саботата во Хамниц, пронашла значително количество експлозив во станот на осомничениот.