Свет Балкан Уапсен романскиот вицегувернер на Централна банка поради корупција

Уапсен романскиот вицегувернер на Централна банка поради корупција

Романската полиција денеска го уапси вецегувернерот на Централната банка, Богдан Олтенау, во рамки на истрагата за корупција што ја спроведува Националната дирекција за борба против корупција.

Како што јавуваат романските медиуми, Олтеану веќе се наоѓа во притвор, а дирекцијата бара да му биде одреден 30-дневен притвор.

– Во тек е истрага, обвинителите сакаат тој да остане во притвор 30 дена – посочи претставник на дирекцијата.