Свет Уапсен пред Белата куќа ппоради нелегално поседување пушка

Уапсен пред Белата куќа ппоради нелегално поседување пушка

Полицијата го уапси 41-годишниот Ар Џеј Кафеј, во чие возило имало нерегистрирана пушка и многу муниција

Четириесет и едногодишен маж е уапсен пред Белата куќа, откако во неговиот автомобил е пронајдена пушка и поголемо количество муниција.

Уапсениот, во средата, му пришол на полицаец во цивилна облека пред Белата куќа и му соопштил дека некој во Ајова му рекол да дојде пред Белата куќа и открил дека во близина го паркирал возилото.

Полицаецот при претресот на автомобилот пронашол ловечка пушка и муниција, а Ар Џеј Кафеј е уапсен поради поседување нерегистрирана пушка.

Ова трет случај на апсење поединци во непосредна близина на Белата куќа, а по првите два, кои беа посериозни, директорката на тајната служба, Џулија Пирсон, поднела оставка.