Хроника Уапсен маж кој се заканувал со нож во „Сити мол“

Уапсен маж кој се заканувал со нож во „Сити мол“

Маж на возраст од околу 35 години, синоќа околу 22 часот, бил уапсен во приземјето на трговскиот центар „Сити мол“ во скопската населба Карпош 4, пренесуваат медиумите.

Според очевидци, мажот се заканувал со нож. Тој бил забележан од униформирани полицајци, кои успеале да го совладаат и да му го одземат ножот.

Според првичните и неофицијални информации, на ножот и на раката на уапсениот имало крв.

Повеќе информации за случајот, се очекува полицијата да соопшти во текот на денешниот ден.