Свет Уапсен лидерот на исламистичката група Ансару во Нигерија

Уапсен лидерот на исламистичката група Ансару во Нигерија

Нигериската војска уапсила лидер на милитантната група Ансару, која е фракција на организацијата Боко харам, соопштија нигериските власти.

Ансару се смета за одговорна за киднапирање и за убивање лица од Западот.

Американскиот Стејт департмент во 2012 година го стави лидерот на Ансару, Халид ал Барнави, на црната листа како еден од тројцата милитанти поврзани со Боко харам и со североафриканското крило на Ал каеда.

Портпаролот на нигериското министерство за одбрана, генерал Рабе Абубакар, рече дека Ал Барнави е уапсен на 2 април во Локоџа, главниот град на централната нигериска држава Коги.

Генералот додаде дека одреден број борци на Боко харам им се предале на нигериските сили.