Македонија Уапсен државниот секретар во МИОА, Јахи Јахија

Уапсен државниот секретар во МИОА, Јахи Јахија

Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Јахи Јахија од Куманово, денеска бил уапсен бидејќи е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Неофицијално, тој се товари за земање на провизија од добиен тендер и за злоупотреба на европски ИПА-фондови.

Во моментов, секторот за организиран криминал и корупција од МВР врши претрес во просториите на МИОА.