Свет Уапсен Американец кој подготвувал напад на Конгресот

Уапсен Американец кој подготвувал напад на Конгресот

Маж од Охајо, кој тврди дека е симпатизер на Исламска држава, е уапсен синоќа поради напад на Капитол хил, стои во судските документи.

Дваесетгодишниот Кристофер Корнет проучувал како се прават импровизирани направи, купил полуавтоматска пушка и 600 парчиња муниција и планирал да отпатува во Вашингтон и таму да го спроведе планот за напад.

Корнел на „Твитер“ напишал дека ја поддржува Исламска држава, претставувајќи се како Рахел Марус Убајда.

Корнел на состанок со доушник на ФБИ му раскажал дека членовите на Конгресот ги смета за свои непријатели и го изнел планот за поставување импровизирани експлозивни направи во Конгресот и во неговата близина, како и намерата со огнено оружје да ги убие вработените и претставниците што се наоѓаат во Конгресот.