Хроника Уапесен косовски државјанин со лажна германска виза

Уапесен косовски државјанин со лажна германска виза

Полицијата вчера го привела 40-годишниот Џ.Ш. на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје поради лажна германска виза која, како што изјавил, ја набавил од непознато лице во Германија за 1.000 евра.

Како што соопшти МВР, претпладнето, при пасошка контрола за излез од Македонија, полицискиот службеник се посомневал во исправноста на визата на Џ.Ш. за постојан престој.

Џ.Ш. бил повикан на дополнителен разговор, по што, во 13 часот, е предаден на полициски службеници од СВР – Скопје за натамошна постапка.