Забава „Твин Пикс“ по 25 години се враќа на телевизија

„Твин Пикс“ по 25 години се враќа на телевизија

Култната телевизиска серија од 90-тите години на минатиот век, „Твин Пикс“, по 25 години од прикажувањето на последната епизода, повторно се враќа на ТВ-екраните.

Премиерата е најавена за 2016 година, а режисерот Дeјвид Линч и екипата се во полн ек на снимање. Серијата престана да се емитува во 1991 година, иако заврши со навестување за продолжение, моментот кога духот на Лора Палмер му шепнува на агентот на ФБИ, Дејли Купер, дека повторно ќе се сретнат за 25 години.

Новиот промотивен видеозапис, кој прави и ретроспектива на дејството во изминатите две сезони, најавува многу страст, алчност, љубомора и интриги во новите продолженија.