Свет Европа Туск: Европа мора повеќе да им помогне на бегалците

Туск: Европа мора повеќе да им помогне на бегалците

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги отфрли критиките на сметка на раководењето со бегалската криза и вети понатамошни мерки по ова прашање.

По состанокот со словенечкиот премиер Миро Церар, Туск рекол дека Европа не е виновна за бегалската криза, но признал дека ЕУ мора да направи повеќе за да ги ублажи неподносливите човекови страдања и трагедии, кои станаа секојдневни вести.

Туск истакнал дека бегалската криза ќе остане клучно прашање за Европа во наредните години, додека Церар рекол дека никој не можел да замисли дека тој проблем ќе стане толку голем.