Свет Европа Туск: ЕУ да создаде единствена база на податоци за патниците

Туск: ЕУ да создаде единствена база на податоци за патниците

Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, денеска во своето обраќање пред Европарламентот, се заложи за воспоставување заедничка база на податоци за патниците во авиосообраќајот за подобро да се справат со терористичките закани.

Според Туск, базата која би била достапна не само на безбедносните служби на ЕУ, туку и на САД, би го олеснила следењето на Исламска држава и на другите терористички организации и би овозможила соодветно и навремено реагирање.