Свет Европа Турција со дипломатијата сака да ја надмине тензијата со Русија

Турција со дипломатијата сака да ја надмине тензијата со Русија

Турција сака со дипломатија да ја надмине тензијата со Русија, настаната поради соборувањето на рускиот авион, соопшти денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

– Не сме за тензија. Веруваме дека со дипломатија можеме да го надминеме овој проблем. Го очекуваме истото разбирање и од нашиот пријател и сосед Русија – рече Чавушоглу и ја повика официјална Москва со „разумни зборови и дела“ да помогне за намалување на тензијата.

Претходно Кремљ соопшти дека турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган побарал на 30 ноември во Париз да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Турција во вторникот собори руски воен авион на границата со Сирија, кој според тврдењата на официјална Анкара бил 10 пати предупреден поради нарушувањето на на турскиот воздушен простор. Русија ги отфрли ваквите тврдења, велејќи дека авионот бил соборен на територија на соседна Сирија.