Свет Балкан Турција: Шест загинати во напад на полициска станица

Турција: Шест загинати во напад на полициска станица

Шест лица загинаа, а 36 се повредени во напад на полициска станица во јужниот турски град Цанар, претежно населен со Курди.

Според првите извештаи, бомбашкиот напад го извршиле припадници на Работничката партија на Курдистан, која, наводно, објавила дека ја продолжува војната против режимот во Анкара.

Турскиот весник „Хуриет“ наведува дека пред полициската станица експлодирал автомобил полн со експлозив, а потоа следел и ракетен напад на објектот, кој бил зафатен од голем оган.

Вчера четири лица се уапсени поради поврзаност со претходниот самоубиствен во Истанбул, во кој загинаа десет лица, од кои повеќето странски туристи.