Економија Турција се закани со замрзнување на царинската унија со ЕУ

Турција се закани со замрзнување на царинската унија со ЕУ

Волкан Бозкир - министер за европски работи на Турција

Турција би можела да ја замрзне царинската унија со Европска Унија, доколку Брисел склучи нов сеопфатен договор за слободна трговија со САД, соопшти турскиот министер за европски работи.

Турција, земја-кандидатка, има царинска унија со ЕУ од 1996 година. Турските политичари стравуваат дека новиот договор меѓу ЕУ и САД, за кој се преговара, би можел да ја загрози турската трговска позиција.

Турскиот министер за европски работи, Волкан Бозкир, соопшти дека стравува оти Турција би можела да загуби три милијарди во трговија ако договорот се склучи без да се земе предвид Турција.

– Не можеме да дадеме предност на спогодбата за царина со кои ЕУ ќе склучи такви договори – изјави Бозкир за време на посетата на Норвешка.

Бозкир, како што јавуваат турскиот весник „Хуриет“, се закани со замрзнување на царинската унија со ЕУ или ограничување на нејзината примена.