Свет Балкан Турција се закани дека ќе испраќа бегалци во Европа

Турција се закани дека ќе испраќа бегалци во Европа

Турција ќе испраќа бегалци во Европа доколку Европскиот парламент донесе „погрешна одлука“ при разгледувањето на предлозите за воведување безвизен режим за турските државјани, соопшти поранешниот советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Бурхан Кузу.

– Доколку донесат погрешна одлука, ние ќе станеме бегалци – напиша Кузу на „Твитер“.

Тој во изјава за „Блумберг“ рече дека Европа ќе биде несреќна, доколку вратата на Турција се отвори.

Заканата на Кузу доаѓа во момент кога сè посилни се сомнежите во спогодбата меѓу Турција и Европската Унија, која треба да стави крај на привилот на бегалци и на мигранти од Блискиот Исток и од Африка. За возврат, Анкара треба да добие визна либерализација, финансиска помош и перспектива за обновување на напорите за прием во ЕУ.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, минатата недела го одби барањето на ЕУ за Турција да ја ограничи дефиницијата на тероризмот во замена за укинување на визните рестрикции.