Свет Турција по пучот отповикала или суспендирала 332 дипломати

Турција по пучот отповикала или суспендирала 332 дипломати

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, соопшти дека од неуспешниот пуч на 15 јули досега, отповикани или суспендирани се 332 службеници од министерството за надворешни работи.

Откази им се доделени на 89 дипломати.

Чавушоглу рече дека од тие што се отповикани, власта сè уште трага по 31 дипломат.

Околу 80.000 вработени во полицијата, војската, правосудството и во јавните служби во Турција се сменети или суспендирани по неуспешниот воен пуч.