Свет Турција по обидот за пуч повлекла 150 офицери од НАТО

Турција по обидот за пуч повлекла 150 офицери од НАТО

Висок службеник на НАТО, Куртис Скапароти, денеска изјави дека околу 150 турски офицери биле пензионирани или отповикани од Алијансата по неуспешниот пуч во Турција.

Скапароти рече дека е загрижен за доборосостојбата на офицерите и на нивните семејства, наведувајќи дека добил уверување од турските власти дека кон нив ќе биде постапено на „соодветен начин“.

– Овде имав талентирани, способни луѓе. Отповикани се стручњаци и ќе биде потребно време за нив да се пронајде соодветна замена – додаде Скапароти.