Забава Турција ја забрани „Игра на тронови“

Турција ја забрани „Игра на тронови“

Серијата „Игра на Тронови“ е забранета во воените училишта во Турција

Во Турција на учениците во воените училишта и академии им е забрането да ја гледаат серијата „Игра на тронови“. Турскиот весник „Хуриет“ јавува дека е изменет правилникот за средно образование, во кој е додаден член, во кој се воведува „заштита на учениците“. Серијата се забранува за да се  заштитат учениците од „сексуална експлоатација, порнографија, егзибиционизам, злоставување, малтертирање и лошо однесување“. Истовремено, првпат се воведуваат часови по ислам во училиштата.