Свет Турција бомбардираше позиции на ПКК во Ирак

Турција бомбардираше позиции на ПКК во Ирак

Турските воени авиони во текот на минатата ноќ бомбардираа мети на милитантите од Работничката партија на Курдистан во северниот дел на Ирак, соопштија турски безбедносни извори.

Ова е последен во серијата напади откако Турција тргна да се пресметува со милитантите.

Изворот наведува дека повеќе од 15 авиони од полноќ до пет часот наутро гаѓале мети на ПКК во Кандила, Запа и во Авашина, во планинскиот дел на Северен Ирак.