Свет Турција бомбардираше позиции на Курдите во Ирак

Турција бомбардираше позиции на Курдите во Ирак

Турски воени авиони утринава бомбардирале кампови на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК) на северот на Ирак, соопшти турската војска.

Во 11 воздушни напади се уништени сите 18 неодамна идентификувани мети, меѓу кои се и складиштата за муниција и засолништата, тврди војската.

Турските власти, исто така, прогласија полициски час во југоисточниот дел на Сирнак, кој е претежно населен со Курди, а како што соопшти гувернерот тој вечерва стапува на сила.

Во вчерашниот бомбашки напад во Анкара загинаа 37 лица, а 125 се повредени. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот. Неименуван турски претставник соопшти дека прелиминарните резултати од истрагата укажуваат дека ПКК или некоја група поврзана со нив е одговорна за нападот.