Свет Балкан Турција бомбардирала позиции на ПКК во Ирак

Турција бомбардирала позиции на ПКК во Ирак

Турција бомбардирала позиции на курдските бунтовници на северот на Ирак, после серијата напади во кои загинаа 12 лица, јавуваат турските медиуми.

Мета на нападите на турските авиони биле припадниците на Работничката партија на Курдистан (ПКК) во регионот Синат-Хафтани.

Нападот е извршен неколку часа по нападите на турските воени возила на границата со Ирак, во кои загинати четири војници. Во одвоен истовремен бомбашки напад на полициски возила на југоистокот на Турција се убиени уште осум лица.