Свет Турција бомбардирала курдски бунтовници во Ирак

Турција бомбардирала курдски бунтовници во Ирак

Турската војска денеска соопшти дека извела воздушни напади на позиции на курдските бунтовници на северот на Ирак, по вчерашниот бомбашкиот напад во Анкара во кој загинаа 28 лица, а 61 лице е повредено.

Мета на прекуграничните напади, извршени синоќа, била група од 60 до 70 припадници на Работничката партија на Курдистан (ПКК) во регионот Хафтанин.

Војската соопшти дека меѓу нив имало и повеќе лидери на ПКК.

Во меѓувреме, лидерот на курдската партија во Сирија, ПИД, Салех Муслим, денеска демантираше дека неговата организација го извршила нападот. Тој рече дека Турција се обидува да поттикне судири на северот на Сирија.