Свет Балкан Турски воени авиони навлегле во грчкиот воздушен простор

Турски воени авиони навлегле во грчкиот воздушен простор

Два турски борбени авиона „ф-16“ вчера дури трипати навлегле во грчкиот воздушен простор, на морската граница меѓу двете земји.

Тие, во придружба на авион „си-ен-235“, исто така навлегле во атинскиот регион за информирање за летови.

Сите авиони биле пресретнати и изгонети од грчки авиони, соопшти официјална Атина.

Во последните месеци имаше голем број вакви нарушувања од страна на турски авиони, а рекорд беше 1 февруари годинава, кога имало дури 138 нарушувања на грчкиот воздушен простор.