Свет Балкан Турски борбени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор

Турски борбени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор

Најмалку шест турски борбени авиони, кои летале во една формација, го нарушиле грчкиот воздушен простор, соопштија во средата локалните медиуми, повикувајќи се на воени претставници.

Турските авиони влегле во воздушниот простор на Грција на источниот дел на Егејско Море без дозвола од Атина, пишува весникот „Екатимерини“, повикувајќи се на грчки воени власти.

Од шесте борбени авиони, најмалку два биле вооружени, додава весникот.

Турција не ја признава зоната на грчкиот воздушен простор, која опфаќа 10 милји околу островите во Егејско Море, а која беше причина за бројни слични инциденти во воздухот.