Свет Балкан Турски авиони бомбардираа курдски бунтовници

Турски авиони бомбардираа курдски бунтовници

Турската војска денеска соопшти дека нејзините борбени авиони нападнале позиции на курдските бунтовници, како одговор на нападот на нејзините војници во близина на границата со Ирак.

Во соопштението се наведува дека курдските екстремисти отвориле оган врз турските војници, поради што реагирала авијацијата во провинцијата Сирнак.

Размената на огнот дополнително ги затегна тензиите меѓу турската влада и Курдската работничката партија (ПКК).

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска порача дека е невозможно да се продолжат мировните преговори со Курдите додека ПКК ги напаѓа турските сили за безбедност.

Ердоган рече дека неговата земја нема да „попушти пред заканите на терористите“ од ПКК и од Исламска држава.