Свет Свет Турски авион принудно слетал во Ирска поради закана со бомба

Турски авион принудно слетал во Ирска поради закана со бомба

Авион на „Туркиш ерлјанс“, кој летал на релација Хјустон – Истанбул, бил пренасочен на аеродром во ирскиот град Шенон, поради закана со бомба, пренесува „Раша тудеј“.

Авионот слетал поради сомнителен пакет што бил пронајден во авионот, за кој постоело сомневање дека е експлозивна направа. Екипажот, исто така, добил дојава за бомба.

Тимови за демонтирање експлозив го прегледувале сомнителниот пакет, а во тек е и евакуација на патниците.

Портпаролот на аеродромот во Шенон потврдил дека авионот принудно слетал, но не сакал да коментира зошто.