Свет Балкан Турската опозицијата ги оспори резултатите од референдумот

Турската опозицијата ги оспори резултатите од референдумот

Турска опозициска Републиканска народна партија ги оспори резултатите од референдумот и бара повторно пребројување на најголем дел од гласовите.

Според опозицијата, за време на пребројувањето имало многу неправилности, односно најголем дел од гласачките ливчиња биле со неважечки печати.

– Досега, спорни се 2,5 милиони гласови. Речиси 6о отсто од избирачките места имаат проблем. Неважечки се повеќе од еден милион гласови. Знаеме како да се справиме со неважечките гласови – вели Ердал Аксунгер, потпретседател на опозициската Републиканска народна партија.

Турската изборната комисија на својата веб-страница неколку часа пред затворањето на избирачките места соопшти дека ќе ги прифати и ливчиња без официјални печати освен ако може да се докаже дека се фалсификат.

Измените на Уставот, ќе му овозможат на Ердоган да именува и да менува министри, да се кандидира уште двапати за претседател и повторно да го преземе водството над својата партија. Најави дека ќе го преиспита и договорот со ЕУ во врска со мигрантите, по референдумот.