Македонија Тунтев поднесе оставка, Рубин Земон доаѓа на неговото место

Тунтев поднесе оставка, Рубин Земон доаѓа на неговото место

Томислав Тунтев си поднесе оставка како пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ.

Овој чекор уследи по најавите дека тој ќе биде именуван за директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Иако засега не е на дневен ред, според најавите од Собранието, точката за констатирање на неговата оставка ќе биде додадена на дневниот ред на денешната 75-та седница, на која ќе се гласа за уставните измени.

Според изборните листи, местото на Тунтев како пратеник во законодавниот дом треба да го заземе Рубин Земон, кој со тоа би станал првиот припадник на етничката заедница на Египќаните кој станал народен пратеник во македонското Собрание.