fbpx
Таг: Рубин Земон

таг: Рубин Земон

Јован Митревски нов координатор на пратеничката група на СДСМ

По оставката од пратеничката функција на Томислав Тунтев поради негово вработување како директор во Агенцијата за цивилно воздухопловство, во пратеничките клупи седна Рубин Земон. Местото координатор на пратеничката група на СДСМ ќе го преземе досегашниот заменик, Јован Митревски, а заменичка ќе биде Соња Мираковска од НСДП. Денеска Собранието ја констатираше оставката на Тунтев без негово образложување.

Тунтев поднесе оставка, Рубин Земон доаѓа на неговото место

Томислав Тунтев си поднесе оставка како пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ. Овој чекор уследи по најавите дека тој ќе биде именуван за директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Иако засега не е на дневен ред, според најавите од Собранието, точката за констатирање на неговата оставка ќе биде додадена на дневниот ред на денешната 75-та седница, на која ќе...

Критики за потегот на Стојанче Стоилов што ја напуштил свеченоста поради албанскиот јазик

Користењето на албанскиот јазик на манифестацијата „Спортист на годината“ во организација на Агенцијата за млади и спорт вчеравечер го испровоцирало ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов демонстративно да си замине, пишува „Порталб.мк“. Неговиот потег го критикуваат спортисти и спортски работници, кои се прашуваат дали не треба да му се одземе наградата „Спортист на 2017 година“. Директорот на Македонската кошаркарска федерација, Владимир Темелковски,...

Алијансата за позитивна Македонија се преименува во ПОЕН

Алијансата за позитивна Македонија донесе одлука да се преименува во Партија за општествен и економски напредок, скратено ПОЕН, и воедно да почне процедура за пристапување кон Европската слободна алијанса (ЕФА) како придружна членка. Како што соопштија од партијата предводена од Рубин Земон, на седница на главниот одбор оддржана во Ресен, за нов претседател на одборот е избран Димитар Илиевски и...

Земон: Исламскиот радикализам е најголемо зло на денешницата

Глобализација, миграции, туризам, фундаментализам и радикализам беа темите на кои се осврнаа предавачите на петтата Меѓународна конфереција за културно наследство, туризам и медиуми, која денеска заврши во Охрид. Професорот Рубин Земон од Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје, смета дека еден од егзистенционалните проблеми со кои се соочува светот е исламскиот радикализам. - Тоа е предизвик, не само на Балканот, туку и во светот. Во...

Алијанса за позитивна Македонија ќе преговара со опозицијата за претстојните избори

Алијанса за позитивна Македонија (АПМ) на денешното собрание на партијата донела одлука да разговара и да преговара со опозицискиот блок предводен од СДСМ за претстојните избори планирани за 11 декември. На седницата на собранието се отповикале некои и се избрале нови членови на главниот одбор. За претседател на советот на АПМ бил избран Владо Бучковски, а за претседател на партијата бил...

Професорот Рубин Земон, в.д. претседател на Алијанса за позитивна Македонија

Познатиот активист за човекови права и за етничка толеранција, универзитетскиот професор Рубин Земон, инаку, припадник и врвен активист на Здружението на Египќаните во Македонија и на Балканот, ќе ја извршува функцијата в.д. претседател на Алијанса за позитивна Македонија. Вака одлучил главниот одбор на партијата на седницата одржана вчера, на која биле избрани органите и телата на партијата. Покрај Земон, охриѓанец по место...

Денови на македонското културно наследство од 9 до 11 ноември во Азербејџан

Манифестацијата Денови на македонското културно наследство ќе се одржува од 9 до 11 ноември во главниот град на Азербејџан, Баку, и во градот познат како културна ризница Арсу. Централно место на манифестацијата ќе заземе настапот на КУД „Дримкол“ од Вевчани, кои ќе настапат со целовечерна програма, при што ќе се презентираат традиционални песни и ора, носии и обичаи на Македонија. Во...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...