Економија Цветковска: Синдикално организирани, жените се посилни во одбрана на работничките права

Цветковска: Синдикално организирани, жените се посилни во одбрана на работничките права

Секцијата на жени при Конфедрацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), преку летоци ги информираше граѓаните за потребата од нивно синдикално организирање на Меѓународниот ден на жената, 8 Март.

– Не случајно го одбравме овој ден, ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и за социјална рамноправност, да дознаеме дали жените се запознаени со тоа што, всушност, синдикатите направиле за нив. Затоа, поставивме штанд во центарот на Скопје каде со сите жени работнички ќе придонесеме за поголеми можности на сите работници – вели Билјана Цветковска, претседател на секцијата на жени при КСС.