Свет Балкан Цветанов: Сè уште веруваме дека вистинскиот пат за Македонија се НАТО и...

Цветанов: Сè уште веруваме дека вистинскиот пат за Македонија се НАТО и ЕУ

По вчерашниот референдум, сè уште веруваме и јас сум убеден дека вистинскиот пат за Македонија и Западен Балкан се НАТО и Европа, рече Цветан Цветанов, претседателот на владејачката парламентарна група ГЕРБ во бугарското Собрание, јави дописничката на „Мета“ од Софија.

– Но, можете да видите дека сè уште постојат добри „сценаристи“ и доволно добри можности за да се манипулира општеството и да се попречи европската перспектива. Ако се вратиме 10 години, можам да кажам дека сум благодарен на сите оние кои навистина придонесоа нашата земја да стане дел од силна и обединета Европа. Ова беше одлука на други влади од други политички сили, на кои секогаш ќе им бидеме благодарни за овој нормален, природен пат за Бугарија – европскиот – рече Цветанов.