Македонија Црвениот крст со хуманитарна помош за настраданите семејства

Црвениот крст со хуманитарна помош за настраданите семејства

Тимови за процена за потребите од хуманитарна помош за настраданото население од поплавите испрати Црвениот крст на Република Македонија преку општинските организации на Црвен крст. Најзагрозени и најпогодени општини се: Куманово, Штип, Струмица, Кочани, Прилеп (Кривогаштани) и Битола.

Хуманитарна помош се дистрибуираше на 15 семејства, со пакети во храна во селата Пухче и Степанци , на 22 семејства со пакети со храна, 22 пакети со хигиена и 66 ќебиња за населението од општина Радовиш и од Конче, на 20 семејства со пакети во храна и хигиена и 60 ќебиња во општина Кочани и на 50 семејства со хигиенски пакети, 30 пакети со храна, 30 душеци, 300 ќебиња и 700 литри флаширана вода во општина Штип.