Македонија Црвен Крст на Куманово подготви пакети храна за сиромашните

Црвен Крст на Куманово подготви пакети храна за сиромашните

Куманово

Црвен Крст на Куманово подготви педесетина пакети со храна за најсиромашните граѓани од општината.

Како што соопштија од организацијата, подготвените пакети се изработени од средства кои жителите на општината и кумановските фирми ги донираа во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против глад, спроведена во октомври.

– Пакетите веќе се дистрибуираат до екстремно ранливите категории граѓани, семејства со болни деца, со изнемоштени повозрасни членови, на лица со пречки во развојот – вели секретарот на општинската организација, Иле Митковски.